Се излеа реката Луда Мара кај кавадаречките Марена и Сопот

Од:

Се излеа реката Луда Мара кај дел од кавадаречките села Марена и Сопот, а денеска на терен излегоа градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и претставници на противпожарната служба, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Градоначалникот Панов посочи дека е зголемен водостојот на реката Луда Мара поради дождовите и топењето на снегот, но засега има само штети врз земјоделски култури во Маренско и Сопотско.

Тој додаде дека има и одредени оштетувања по течението на реката Луда Мара во градот како уништени коцки, потпорен ѕид и мали дефекти во комуналната мрежа.
– Дефектите ќе се санираат уште во текот на денот, а останатите штети врз инфраструктурата исто така најбрзо што може, нагласи Панов.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава