Координативно тело: Жителите по течението на Брегалница да ги обезбедат имотите

Од:

Координативното тело за справување со кризи денеска поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци и најавите за излевање на реката Брегалница апелираше жителите на Виница, Чешиново-Облешево, Кочани, Карбинци и Штип да ги обезбедат своите имоти.

– Се апелира до сите жители од овие населени места да бидат претпазливи, да ги осигураат вредните предменти на сигурни места и физички да ги обезбедат своите имоти. Се апелира до сите жители на овие места да се обратат до општините, до регионалните центри на ЦУК на бесплатниот број 195 и Дирекцијата за заштита и спасување, се вели во соопштението од Координативното тело.

Излевање на водата од Брегалница се очекува во вечерните часови. Како критични точки се утврдени сите населени места по течението на реката Брегалница.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава