Се очекуваат нови поплави во Штип

Од:

За два часа се очекува големо надоаѓање на река Брегалница во Штип. Се очекува да бидат поплавени три населби, 8-ми Ноември, Чардаклија и Ново село.

Моментално загрижувачка е состојбата со браната Калиманци каде што во моментов се излеваат 50 метри кубни вода во секунда.

Во моментот во Штип заседава државниот кризен штаб. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, сите градоначалници од источниот регион, како и директорите на јавните претпријатија на истокот прават план и стратегија за справување со ситуацијата.

Во секој момент се очекува премиерот Никола Груевски да пристигне во Штип.

Градоначалникот Илчо Захариев ги повика граѓаните да излезат и да се вклучат во правењето насипи.

„Од обилните врнежи на дожд кои траеја во текот на целата ноќ, повторно пред излевање е браната Мантово. Водостојот е на критично ниво и веќе постои опасност од прелевање. Сите жители на Лакавичкиот регион да бидат внимателни и да го следат водостојот на Лакавичка река, чие ниво се очекува да порасне. Жителите да ги заштитат имотите и стоката“, наведено е во соопштението на општината Штип.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава