Борците на нигериската исламистичка група „Боко харам“ повторно го нападнаа Мајдугури, каде избувнаа жестоки судири за контрола над овој стратегиски град во североисточна
Нигерија, соопштија очевидци, цитирани од француските медиуми.
Четворица локални жители телефонски изјавија дека „Боко харам“ го нападнала градот во 3 часот. Во јужниот дел на Мајдагури, според нив, почнале жестоки борби меѓу исламистите и нигериските војници, кои се поддржани од приватни милиции.
-Стравот навлезе во целиот град (. . .), луѓето стравуваат што ќе се случи доколку „Боко харам“ ги победи силите за сигурност, рече Адам Кренува, жител на градот.