Со сметките за вода и уплатница за донирање во изградбата на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица

Од:

Од денеска, секое семејство и фирма заедно со сметките за вода добиени од ЈПКД „Комуналец“ или од месната заедница, ќе добијат уплатница или платен налог на кој се испишани сите неопходни податоци и треба да се додаде само името на донаторот и сумата која се донира за изградбата на соборниот храм. На овој начин и граѓаните ќе можат да донираат средства во изградбата на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

Промоцијата на храмот, отпочнувањето и обелоденувањето на сметката се направи за Велигден оваа година. Тогаш на сметката на соборниот храм имаше 34.518 денари, тоа беше стартната состојба за изградба на храмот. До денеска донацијата од граѓаните и фирмите во финансиски средства и материјали изнесува над 600 илјади евра. За да се покрие соборниот храм потребни се околу два милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски