Пријавувањето за субвенционирање на неплатениот долг кон „Комуналец“ трае до крајот на октомври

Од:

До крајот на месец октомври ќе трае поднесувањето на барањата за остварување на правото за субвенционирање неплатен долг кон ЈПКД „Комуналец“.

Барањата се поднесуваат согласно одлуката за субвенционирање на неплатен долг на семејства од општина Струмица со посебен социјален статус, донесена на 21 декември минатата година на Советот на општина Струмица.

Во прилог на ова донесен е правилник за условите, начинот, постапката и потребната документација за остварување на ова право. Во семејства со посебен социјален статус влегуваат, семејства во чиј состав има самохран родител, има член со траен инвалидитет од било кој карактер или степен на инвалидност потврден со медицинска белешка и семејства во чиј состав има најмалку два члена со полни 18 години или постари од 18 години, а приходи по основ на вработување или пензија прима само еден или ниеден член од семејството.

Сите граѓани на општина Струмица кои спаѓаат во една од овие категории семејства можат да поднесат барање во просториите на ЈПКД „Комуналец“.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски