Маслиново дрво старо 2000 години било продадено на аукција на маслинки од периодот на Римската империја за 65.000 евра. Маслинката е од подвидот “Cordobil” и тежи 16,5 тони, а обемот на стеблото е 9,30 метри.
Ѕвезди на продажбата беа две Fargo дрва, ретки примероци, но само еден доби нов сопственик за 35.000 евра, што е половина од проценетата вредност. Маслинките се понудени со корења, тешки се близу 10 тони, високи околу 3 метри и со дијаметар од околу 7 метри. Имаат само неколку зелени гранки, па затоа ги нарекуваат живи скулптури од Римското царство, а не дрвја.