Питката вода најскапа во Хрватска

Од:

Според достапните податоци кои ги собра агенцијата Анадолија, водата за домаќинствата е најскапа во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека најевтина вода пијат жителите на Македонија и Албанија.

Овие податоци се интересни и интригантни ако се има предвид фактот дека БиХ и Хрватска имаат најголема количина питка вода по глава на жител во регионот.

Според податоците на Водостопанство и одвод д.о.о. Загреб, услугата за снабдување со питка вода во Загреб се наплатува 4,68 куни по кубик, т.е. 0,60 евра, а за канализација се наплатува 1 куна, услугите за прочистување 1,28 куни што со ДДВ и други надоместоци вкупно изнесува 15,8 куни, т.е. 2,05 евра. Цената на водата за домаќинствата во Загреб е поскапа во споредба со другите градови во регионот, најмногу поради дополнителните надоместоци.

По Загреб, следи Подгорица каде според податоците со кои располага Водовод и канализација д.о.о. Подгорица, цената на водата по метар кубен за домаќинствата изнесува 0,40 евра, додека за канализација се плаќа 0,20 евра, што вкупно е околу 0,60 евра. Во цената е пресметан ДДВ по стапка од 7 отсто.

Сараево и Мостар различни

Во Босна и Херцеговина цените на водата се слични со тие од Црна Гора. Од Кантонското јавно комунално претпријатие Водовод и канализација на Сараево рекоа дека вкупната цена на водата за домаќинствата е 1,17 конвертибилни марки КМ, т.е. 0,59 евра. – Основицата за потрошувачка до 5 кубни метри изнесува вкупно 1,17 марки по метар кубен, од кои 0,70 се однесуваат на услугата на снабдување со вода за пиење, 0,30 на услуга за отпадните води и 0,17 на ДДВ. Целата потрошувачка поголема од основните пет, а до 30 кубни метри, чини вкупно 1,40 КМ по кубик, додека секој потрошен кубен метар над 30 кубици изнесува 1,95 КМ по кубик – навеода од ова сараевско претпријатие.

Цената на водата во Мостар е нешто повисока од цената во Сараево. Според последните податоци на Водовод Мостар, моментално важечка цена по метар кубен и одвод на отпадните води за домаќинствата вкупно изнесува 1,27 КМ по кубик, т.е. 0,64 евра, од кои само на основната цена на водата отпаѓаат 1,04 КМ по кубик, на посебен надомест за водостопанството ПНВ оди 0,01 КМ, надомест за заштита на водата НЗВ 0,04 и на ДДВ одат 0,18 КМ.

Цената на водата во главниот град на Србија речиси е идентична со цената на водата во Сараево, Според податоците достапни на официјалната страна на Белградски водовод и канализација, цената на водата за домаќинствата во Белград е 51,36 динари по кубик вода, додека одводот на отпадните води чини 20,76 динари, што со ДДВ вкупно изнесува 72,12 динари, т.е. 0,59 евра.

Македонија и Албанија најевтини

Од друга страна, цената на водата за домаќинствата од земјите во регионот во просек се најевтини во Македонија и Албанија. Дури, цената на водата во Скопје е многу поевтина од цената на водата во Загреб и Мостар. За илустрација, граѓаните на Загреб за 10 метри кубни т.е. 10.000 литри вода, мора да платат околу 20 евра, во Подгорица иста количина на потрошена вода чини 6 евра, додека граѓаните на Сараево и Белград издвојуваат исто толку. Сепак, жителите на Албанија и Македонија за 10 кубни метри издвојуваат многу помалку пари, 3,8 евра т.е. 3,9 евра.

Според податоците на Водовод и канализација Скопје, цената на водата за домаќинствата со канализацијата е 23,39 денари, т.е. 0,38 евра по метар кубен, додека цената на водата без канализација е 17,25 денари или 0,28 евра.

Исто така, последните податоци на Регулаторното тело за надзор на цената на водата во Тирана велат дека цената на водата во главниот град на Албанија за домаќинствата изнесува 45 лека, т.е. 0,32 евра по метар кубен, со 11 лека или 0,08 евра за отпадната вода, што е вкупно 56 лека, т.е. 0,39 евра.

Според податоците на Светска банка за 2012 година, кои ги тематизираат обновливите извори на питка вода, во регионот на Балканот Босна и Херцеговина е земја со најголема количина на питка вода по глава на жител, заклучи Анадолија.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег