(ВИДЕО) Жерновски: Ова е веќе лудило

Од:

Ако некој не знаеше со каков режим имаме работа сега веќе на сите им е јасно, вака градоначалникот на Центар и лидер на ЛДП Андреј Жерновски ја коментира информацијата дека МВР ќе поднесе кривична пријава против лидерот на СДСМ Зоран Заев за насилство спрема највисоките државни органи и обидот да извршат преврат во државата.

„Ова е лудило кое продолжува. Ниту опозицијата ниту власта не се зачудени. Домашната и меѓународната јавност веќе знаат за тоталитаристичкото владеење. Сега сите треба да бидеме со ладни глави. Режимот ги покажува своите намери“, изјави Жерновски.

Посочува дека е јасен мотивот за апсењето на Верушевски и јасно зошто акцијата МВР ја нарече „Пуч“.

Тој додаде дека останува активен на партиско-политичката сцена и по утрешниот конгрес на ЛДП и ќе работи со сите сили оваа власт да падне.

„Опозицијата мора да најде вистинска формула да го анимира незадоволството кај граѓаните и да се соберат сите заедно кои што се против оваа власт“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите