Најмалку три лица загинаа, а 24 се повредени во автобуската несреќа која се случи рано изутринава на северот на Словачка.
– Три лица загинаа, две се во критична состојба, четири се здобија со потешки повреди, а 18 се полесно повредени, изјави портпаролот на Службата за итни случаи Андреј Хирјак, пренесува Танјуг.
Според него несреќата се случила околу 4 часот изутрина, а во несреќата загинаа двајца чешки државјани и еден Украинец. Автобусот бил регистриран во Чешка.
Словачките медиуми објавија дека автобусот со околу 40 патници патувал од Прага во Ужгород во украина, а несреќата се случила кога автобусот излетал од патот и удрил во столб, кој возачот не го видел поради обилните врнежи од снег.