Масата „Хекса“ прилагодливо парче мебел дизајнирано од страна на „Resource Furniture“. Масата штеди простор и нуди широк избор на решенија користејќи плочести површини кои се движат и се преклопуваат и на тој начин создаваат изобилство на впечатливи просторни конфигурации.
Дизајнерот Бернард Вуарнешон истражува боја и композиција за да створи производ кој е посебно личен без губење на својата универзална естетика.
Како сложувалка, „Хекса“ масата овозможува да направите серија измени кои можете да ги прилагодите на просторот, функцијата и естетските барања. Изработена е од масивно дрво, има шест плочести површини кои можат да се прилагодат според бојата и да создадат вистински додаток за вашиот дом или канцеларија.
Површините се движат, за да формираат фиоки или отворени лежишта. „Хекса“ е полна со потенцијал и разиграни варијации и изгледа исто така добра во мирен, формален простор.