НАТО соопшти денеска дека се надева да отвори тренинг центар во Грузија до крајот на оваа година, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата Александар Вершбоу.
Новиот центар ќе биде создаден како дел од пакетот мерки за зацврстување на одбранбените способности на кавкаската земја, договорен во септември.
– Се надеваме центарот да почне да дејствува до крајот на годината, рече Вершбоу во Тбилиси.
Тој истакна дека Грузија се движи по патот кон членство во Алијансата, но одби да посочи патоказ и датуми за таа цел.