Новинарските здруженија се шокирани од одлуката на Обвинителството за Кежаровски

Од:

По одлуката на Обвинителството да ја обжали одлуката на Основниот суд Скопје 1 за условен отпус на новинарот Томислав Кежаровски реагираа од еснафските здруженија.

Претседателката на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис вели дека е изненадена и шокирана од оваа одлука.

– Го чекаат последниот ден и во петок реагираат сакајќи да ги намалат или минимизираат реакциите. Илузорно е поради тоа да мислат дека нема да бараме ослободување на Кежаровски. Тој е невин и ќе се бориме до крај да го докажеме тоа. Ова е дополнително малтретираање и за него и за неговото семејство. Тоа покажува што се им се прави не само на новинарите, туку на луѓето во Македонија – вели Чаусидис.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) исто така протестира по одлуката на Обвиителството да ја обжали одлуката за услловен отпуст на новинарот Кежаровски.

„Македонската асоцијација на новинари(МАН) е изненадена колку надлежното обвинителство вложува енергија да се затвори новинар, а судовите се жалат за притисок од новинарите за донесена пресуда за новинар поради исто така напишан текст. Судскиот систем пак, од друга страна очекува слободни новинари и истражувачко новинарство. Со ваков третман, како овој за колегата Томислав Кежаровски за напишан текст, тоа не е можно“, стои во соопштението.

Инаку, жалба на одлуката за условен отпуст за Томислав Кежаровски денеска поднесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Во законски предвидениот рок, надлежниот јавен обвинител ја разгледа одлуката за условен отпуст, донесена од Основниот суд Скопје 1. Сметајќи дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува условите за условен отпуст, надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на одлуката“, стои во соопштението.

Адвокатот на Кежаровски, Филип Медарски, вели дека сега останува да ја чекаат одлуката на повисокиот суд (Апелациски суд) и очекуваат позитивна разврска.

– Работиме на барањето до Врховен суд за вонредно преиспитување на првостепената одлука и очекувам тоа да биде доставено во текот на идната недела – рече Медарски.

Апелација нема рок до кој треба да одговори по жалбата на Јавното обвинителство.

Мета

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ