Поради снег затворен аеродромот во Братислава

Од:

Меѓународниот аеродром во словачката престолнина Братислава е затворен денеска поради снежна бура, соопштија претставници.

Портпаролката на аеродромот „М.Р. Штефаник“, Веронила Шевчикова рече дека сите полетувања се откажани, додека слетувањата се пренасочени на аеродромите во Австрија и Унгарија.

Таа додаде дека еден лет е пренасочен во Линц во Австрија, а уште три во Будимпешта, како и оти засега не може да се процени кога аеродромот ќе биде повторно отворен.

Снегот предизвика прекин во сообраќајот и затворање на патиштата ширум земјата.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина