Марин Ле Пен би освоила најмногу гласови во првиот круг претседателски избори во Франција

Од:

Според испитувањето на институтите Ифоп и ЦСА, француските гласачи би и дале најмногу гласови на лидерката на крајната десница Марин Ле Пен на претседателските избори, меѓу 29 и 30 отсто од гласовите. Сепак во вториот круг таа би била поразена од било кој друг противкандидат, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Со 29 и 30 отсто од намерите на гласачите, Марин Ле Пен ги остава далеку зад себе сите други кандидати, без разлика дали тие се од умеренета десница УМП, или од кај социјалистите.

Во случај ако кандидати наспроти неа се Никола Саркози и Франсоа Оланд, лидерката на Националниот Фронт бо добила 29 отсто од гласовите, наспроти 19 отсто за сегашниот претседател и 22,5 отсто за нејзиниот претходник.

Но наспроти Франсоа Оланд со само 18 отсто од гласовите и Алан Жупе 22 отсто Марин Ле Пен би добила дури 32 отсто од гласовите. Односот е еличен и ако таа се најде наспроти Никола Саркози и Мануел Валс.

Во вториот круг Марин Ле Пен би била поразена во сите случаи, најтесно би била порзена ако таа се најде наспроти Франсоа Оланд со однос 49 отсто од гласовите за неа и 51 за Оланд. Но актуелниот премиер Мануел Валс би ја победил убедливо со 60 наспроти 40 отсто од гласовите, слично како и можните кандиддати на десницата Никола саркози 62 отсто и Алан Жупе 57 отсто.

О диспитувањето се гледа дека во случај на дуел меѓу кандидатаката на крајната десница и умерената десница, гласовите на симпатизерите на левицата би отишле кон кандидатот на УМП. Но затоа пак во случај на дуел меѓу кандидатката на Националниот Фронт и социјалистите, гласовите на симпатизерите на умерената левица би заминале ма страната на крајната десница.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата