(ВИДЕО) Блажески: Казнет сум од Антикорупциска за имот што не го поседувам

Од:

Преродбата која ја ветуваше ВМРО – ДПМНЕ во Охрид веројатно планирале да ја прават со парите од казните на опозиционерите, обвини денеска советникот на ЛДП и претседател на партискиот огранок во Охрид, Дејан Блажески. Тој нагласи дека очигледна е тенденцијата од страна на власта за пресметка со неистомислениците.

Во очекување на судската пресуда за наводна клевета од моја страна кон секретарот на Општина Охрид, Спасески, за што бара 300.000 денари, пред неколку денови од страна на Државната комисија за спречување на корупција, добив прекршочна казна во износ од 33.000 денари за непријавен имот кој не е ниту мој, ниту е впишан во мојот имотен лист. Мојот имотен лист е празен и не поседувам ниту една недвижност – рече Блажески на денешната прес – конференција.

Тој објасни дека станува збор за земјоделско земјиште во атарот на селото Врбјани и дека имотот за кој се поведува постапка е наследство на неговиот покоен дедо и по неговата смрт бил во сопственост на таткото на Блажески и неговите браќа.

Затоа сметам дека ова е уште еден обид да се замолчат опозициските советници со смешни мерки кои ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните. Сите добро знаат колку вреди имот во селото Врбјани – додаде Блажески.

DSC02851

Блажески истакна дека за 33.000 денари, колку што изнесува казната, Субрата Рој добил подарок од 550 квадрати атрактивно земјиште покрај езерото и ги повика властите да направат компарација на неговиот имотен лист како претседател на партија со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов.

Дополнително, небулозите на казнената политика на оваа власт одат до таму што оштета за наводно нанесена душевна болка која секретарот Спасески ја бара од мене чини 15 просечни плати во Република Македонија или неколку дневници за службено патување од Силвана Бонева – истакна Блажески.

Блажески јавно им предложи на ВМРО – ДПМНЕ и институциите кои се нивна продолжена рака, овој имот кој не е впишан на негово име, со одобрение од неговиот родител, да го земат во државна сопственост и да го дадат како подарок на „инвеститорот“ Субрата Рој.

Колку и да чини опозициското дејствување, нема да престанам да ве прашувам за јавно – приватните партнерства, за блатото, за урбанистичките планови со спорна денационализација, за наводните закани кон професорите, лекарите, пожарникарите, за празните имотни листови на млади наспроти функционерите, за неаргументираните апесња, за иселувањето од Охрид, за раскрчмувањето на државното земјиште, за двојниот морал. Секоја казна од партиските институции ја доживувам како лична награда и награда на демократијата и градот – заврши Блажески.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски