И во второто гласање не е избран претседател на Италија

Од:

Без резултат мина и второто гласање за претседател на Италија, спроведено денеска во италијанскиот Парламент, пренесе ТАСС.

Како и при вчерашното гласање, повеќето пратеници предадоа празни ливчиња. Во првото и второто гласање, одржани вчера и денеска, ниту еден од кандидатите не успеа да добе најмалку 673 гласови, колку што се потребни за победа.

Според италијанскиот Устав, претседателот на државата го избираат 1.009 народни претставници. Нив ги сочинуваат сите членови на двата дома на Парламентот во Рим, како и избрани претставници од 58-те италијански региони.

Тие гласаат во три изборни круга во кои е потребно двотретинско мнозинство за избор на претседател. Доколку по трите гласања, ниту еден кандидат не обезбеди такво мнозинство, се одржува и четврти круг, кога за победа е потребно просто мнозинство или 505 гласа.

Ренци засега со сигурност може да смета на 400 гласа, па во серијата преговори со партиите во Парламентот се обидува да обезбеди барем уште 105 гласови, за да може уставниот судија Серџо Матарела да стане нов претседател на Италија.

Следниот круг е денеска попладне и најверојатно ниту тогаш нема да биде избран претседател.

Против кандидатурата на Матерал се конзервативците, предводени од поранешниот премиер Силвио Берлускони. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале