Изложба „Адам и Ева – нов почеток” на скулпторот Жарко Башески отворена во Париз

Од:

Изложба „Адам и Ева – нов почеток” на македонскиот скулптор Жарко Башески е отворена во престижната галерија „Хелен Нугаро” во Париз во присуство на најзначајни имиња на француската култура.

Изложбата е во рамки на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, SEE a Paris, кој се одржува под покровителство на УНЕСКО и предизвика интерес на неколку национални музеи за модерна уметност од различни европски центри, чии кустоси беа на свеченото отворање.

На отворањето на изложбата се обратија Хелен Нугаро, францускиот писател Жан Марк Нател и македонскиот писател и ректор на ЕСРА, Јордан Плевнеш.

Во чест на изложбата на Башески, актерите на Парискиот театар „Ескалиер” презентираа извадоци од пиесата „Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевнеш. Изложбата е отворена до крајот на февруари.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“