Загрепската полиција разби меѓународен синџир на проституција и уапси повеќе лица, кои од јули минатата година ангажирале девојки од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина да работат во хотели во Германија.
Петмина уапсени полицијата товари за злосторничко здружување, а останатите петмина заради проституција, јавува агенцијата Хина.
Злосторничкото здружување, заедно со четворица хрватски државјани, го организирал и водел германски државјанин со привремена адреса во Хрватска, кој го организирал синџирот на проституција.
Кривичните дела се од меѓународен карактер, бидејќи комуникацијата и дејствувањето на уапсените се одвивала преку Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, додека проституцијата е организирана на подрачјето на Германија.
Освен тоа, полицијата утврди дека петмина хрватски државјани од крајот на 2013 година на подрачјето на Хрватска и Германија организирале идентичен начин на проституција.