„Италинтермедиа Глобалист“: ИД сака да создаде „Балканистан“

Од:

Безбедносни експерти предупредуваат дека џихадистичката група Исламска држава „го зела на нишан“ Балканот, со идеја да создаде „исламски калифат“ во регионот, наречен „Балканистан“, тврди италијанскиот електронски весник „Италинтермедиа Глобалист“.

Професорот на Белградскиот универзитет и експерт за антитероризам Милан Мијалковски предупредува дека џихадистите се закана што се надвиснува над Балканот.

Според него, позитивен чекор претставуваат мерките на земјите од регинот со кои се предвидуваат строги казни за оние што ќе заминат да се борат на страна на џихадистите во Сирија и Ирак.

– Тие мерки треба да се применат ефикасно, ако се им предвид дека стотици жители на балканските земји, но и од други регион, се борат во редовите на џихадистите, наведува Мијалковски, додавајќи дека државите на Балканот се плодна почва за регрутирање на џихадистички борци.

Според италијанскиот весник, друг проблем се „заспаните ќелии“ на џихадистите, кои ги има насекаде низ Стариот континет и кои во секој момнет се подготвни за акција штом добијат наредба од своите претпоставени.

За многумина од екстермистите, кои се враќаат во Европа по учеството во активните борби на страна на џихадистите, единствена цел е да вршат напади. А Балканот, како што покажуваат фактите, се наметнува како буре барут во кое исламскиот екстремизам се шири со голема леснотија, наведува „Италинтермедиа Глобалист“.

Меѓу балканските земји од каде најмногу се регрутираат џихадисти се Босна и Хервеговина и Косово, во кои доминира муслиманското население, потенцира електронското издание.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ