Нов состанок на Контакт групата за Украина

Од:

Контакт групата за Украина ќе се сретне денеска во Минск, во обид да пронајде решение со кое би се запреле насилствата на истокот на земјата.

Контакт групата во чиј состав влегува поранешниот украински претседател Леонид Кучма, рускиот амбасадор во Украина Михаил Зурабов и претставничката на Организацијата за безбедност и соработка во Европа Хајди Талвини, денеска ќе имаат нов круг преговори, а на средбата ќе присуствуваат и претставници на спротивставените страни во Украина.

Самопрогласената Доњецка република соопшти дека нејзиниот преговарач Денис Пушилин добил повик да присуствува на денешниот состанок на Контакт групата, а во Минск отпатува и преговарачот на самопрогласената Луганска Народна Република Владислам Деинего.

Новата средба на Контакт групата доаѓа во момент на нови тензии меѓу Москва и Брисел, со оглед на тоа дека министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на вчерашната вонредна средба донесоа одлука за продолжување на санкциите кон Русија до септември.

Рускиот претставник во ОБСЕ Андреј Келин вчера ги повика САД и Европа да престанат да стојат на страната на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17