Цукерберг му подари на Медведев маичка со Фејсбук адреса

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев ги разгледа денес со основачот нА Фејсбук Марк Цукерберг прашањата за авторските права на Интернет и доби од него како подарок маичка со адреса на неговата Фејсбук страница.

Медведев рече дека темата за авторските права и нивното присуство на интернет е од исклучително важно и сложено прашање, на кое, како што посочи, досега, нема одговор од ИТ заедницата, ниту од програмерите, ниту од правниците.

Тој нагласил дека е важно да се најде рамнотежа помеѓу традиционалната заштита на авторските права и новите форми, кои се карактеристични само за интернет, додавајќи дека наоѓањето на рамнотежа е веројатно најголемата комплексна задача “и за адвокатите и за претприемачите и за оние кои се занимаваат со, да речеме, социјалните мрежи”.

Рускиот премиер му ги изнесе на основачот на Фејсбук своите идеи за ова прашање – ако објектот не е означен на било кој начин на интернетот со барање за строга заштита, тогаш е можно слободно користење.

Основачот на Фејсбук рекол дека компанијата со целосна сериозност се однесува кон заштита авторските права.

– Имаме специјални производи и различни можности да ги заштитиме, бидејќи јасно е дека не можеме да ги пратиме содржините на се она што нашите читатели ќе одлучат да го разменат, но секако, ако тоа е заштитена содржина, ние се обидуваме да ги почитуваме авторските права. За таа цел специјално разработуваме различни производи и многу инвестираме во тоа – рече Цукерберг.

– Ми се чини дека тоа е хармонијата кон која треба да се стремиме – одговори Медведев.

Цукерберг, вчера пристигна во Москва, а, според руските медиуми, тој успеал да прошета на Црвениот плоштад, па дури и да помине во блискиот Мекдоналдс.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска