Италијанскиот премиер Матео Ренци го поддржа денеска судијата на Уставниот суд Серџо Матарела, чиј брат го убила мафијата, како кандидат за нов претседател на Италија, кого Парлментот денеска почнува да го избира со тајно гласање.
Матарела (73) ќе го поддржи владејачката Демократска партија на Ренци во текот на изборната процедура во Парламентот која би требало до сабота да заврши со изборот на нов шеф на државата, рече премиерот денеска пред почетокот на првиот круг од гласањето.
Изјавата на Ренци за поддршка на Матарела едногласно ја поддржаа пратениците на Демократската партија, но тоа не гарантира дека сите те навистина ќе се определат за Матарела на тајно гласање.
Матарела, кој во моментот е член на партијата на Ренци на левиот центар, е поранешен демохристијанин од Сицилија, кој влезе во Парламентот откако неговиот постар брат Пјерсанти, тогашен регионален претседател на островот, мафијата го уби во 1980 година.