Контролата на увозот на нови возила е законска можност и не важи ретроактивно

Од:

Царинската управа согласно законските прописи има право да спроведува постконтроли во рок од три години по извршеното царинење и таа можност ја користи во моментов со контролите на увозот на нови возила.

– Не станува збор за ретроактивна наплата на давачка, туку за дополнителна наплата на давачка која што е можност, законска обврска и должност на Царинската управа. Согласно Царинскиот закон, Царинската управа има должност, обврска, значи можност право да спроведува постконтроли во рок од три години по извршеното царинење, изјави директорката на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска-Крстевска.

Таа појасни дека добар дел од фирмите користеле поедноставни постапки, што значи увозното царинење сами го спроведувале, а дел од нив кои немале такви поедноставени постапки, односно одобрение за локално царинење биле царинети од страна на царинските службеници.

Меѓутоа, како што истакна директорката, овие фирми бидејќи имале историја на почитување на прописите и уживале доверба од Царинскaта управа системот во најголем број случаи не ги ставал увезените возила на детална контрола и не биле предмет на детална контрола.

Таа додаде дека доколку се направи пропуст од страна на декларантот при декларирање, а декларирањето го прават увозниците и доколку на тој начин увозно била оцаринета стоката тоа може да се корeгира со постконтрола што во моментов го прави Царинската управа.

Во дополнителната контрола кај увозниците на нови возила за превоз на стоки Царината утврди дека минатата година во повеќе наврати некои од нив наместо како патнички погрeшно се пријавувани како товарни.

До завчера целосно беа завршени контролите во три трговски друштва при што во две се констатирани неправилности за 48 возила, по што се изготвени соодветни предлози за дополнителна наплата на акциза и ДДВ во вкупна висина од околу 27.000 евра. За уште три трговски друштва изготвени се дефинитивни записници за кои е во тек постапката за достава по пошта, и по добивање потврда за прием ќе следи изготвување на предлози за дополнителна наплата на акциза и ДДВ. За едно трговско друштво е изготвен претходен записник за кој е во тек постапка за достава до контролираното лице, по што ќе течат роковите за доставување евентуални забелешки, изготвување дефинитивен записник и негова достава до контролираното лице. За останатите пет трговски друштва во тек е изготвувањето на претходните записници за констатираната состојба.

Патничките моторни возила (тарифен 8703) при увоз подлежат на пет отсто царина, 18 проценти ДДВ и акциза во износ кој е предвиден со Законот за акцизи во зависност од вредноста на возилото, додека за увоз на товарни моторни возила, односно возила за превоз на стока (тарифен број 8704) се наплаќа пет отсто царина за нови и 15 проценти за употребувани возила, 18 отсто ДДВ, а акциза не се наплаќа согласно Законот за акцизи.

Дополнителната наплата на акциза и ДДВ по едно возило, со акцизна основица од 6.000-8.500 евра е околу 200-250 евра, а за акцизна основица од 8.500-12.000 евра, изнесува околу 430-450 евра по возило. Најголемиот број на сомнителните возила спаѓаат во овие две категории и вкупната дополнителна наплата (без камати) на акциза и ДДВ ќе изнесува околу 350.000 евра.

Согласно член 216 од Царинскиот закон, обврска за плаќање на увозните давачки има увозникот, а не купувачот на возилото.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза