Промовирана сликовница и аудиокнига „Кога тато ќе порасне“ на амбасадорот Оријан

Од:

Сликовница и аудиокнига насловена „Кога тато ќе порасне“ на израелскиот амбасадот Дан Оријан е промовирана денеска во рамки на проектот „Денови на македонските издавачи во Друштвото на писателите на Македонија“.

Средствата од продажбата на сликовницата и аудиокнигата, објавени на македонски и на албански јазик, ќе бидат донирани за деца болни од терминална болест. Илустрациите на македонското издание се изработени Александар Поповски, уметник од Битола.

На промоцијата во Друштвото на писателите на Македонија, Јована Андоновска од Издавачката куќа „Лакрима Литералис“ рече дека книгата е за секое дете и за секој возрасен.

– Станува збор за сликовница во која се напишани желбите на еден веќе формиран возрасен човек, додека звукот на разумот се наоѓа токму во неговото дете. Книгата е објавена на повеќе јазици во државите каде Оријан престојувал во дипломатски мисии. Пред два месеци е објавена и на арапски јазик, посочи Андоновска.

Амбасадорот Оријан рече дека е вљубен во Македонија, која, како што посочи, има прекрасна природа и прекрасни луѓе. Се заблагодари на луѓето со кои соработувал околу издавањето на сликовницата и аудиокнигата.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска