Израелската Влада денеска потврди дека примила порака од либанската шиитска милитантна група Хезболах, дека таа не сака ескалација на прекуграничните судири и нова војна со Израел.
Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон изјави дека пораката на Хезболах е примена преку мисијата на ОН.
Три лица, двајца израелски војници и еден припадник на мировните сили на ОН, беа убиени,а други седум ранети, во досегашната размена на артилериски и ракетен оган преку границата со Либан.
Израел се заканаи се „остар и бескомпромисен одговор“ на нападите врз израелската територија од страна на припадниците на Хезболах во јужен Либан и на сирискиот дел од Голанската Висорамнина.
Милитантните исламисти од Хезболах и израелската армија водеа долга војна во 2006 година, што заврши во „пат позиција“ при која ниту една од страните на постигна никаков напредок. Воените судири траеја еден месец, предизвикувајќи големи човечки жртви и тешки оштетувања и на двете страни од границата. Во воздушните напади на израелската авијација посебно беше уништен дел од јужен Либан и реони од Бејрут, каде се сместени приданиците на Хезболах.
Сегашната помирлива порака на Хезболах покажува дека ниту оваа шиитска група, но ниту Израел во овој момент не сакаат нови судири од поголеми размери. Хезболах е веќе силно ангажиран во сириската граѓанска војна, а израелската влада и премиерот Бенјамин Нетанијаху се наоѓаат пред предвремени парламентарни избори закажани за март.
Владата на Нетанијаху и партиите од коалицијата може да ја засилат подршката од јавноста со една казнена операција против Хезболах, но и да загубат на рејтингот при евентуални жртви на израелска страна и разузрнувања на израелската територија.
Министерот Јалон во денешната изјави рече дека израелската армија останува подготвена и на своите позиции за да возврати на нападите на Хезболах и дека така ќе биде се додека не се смири ситуацијата.
Најновата криза избувна откако припадници на Хезболах нападнаа една израелска патрола на територијата на Израел близу границата со Либан. Израелската војска беднаш возврати, на што Хезболах одговори.
Оваа ислмистичка група на шиитите во Либан тврди дека нападот врз пограничната патрола бил одговор за израелското бомбардирање на позициите на Хезболах на сирискиот дел од Голанската Висорамнина. Во тој напад загинаа десетина припадници на групата, како и еден генерал на иранската Револуционерна гарда.