А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: „Фридом Хаус“ потврдува дека во Македонија вознемирувачки се намалуваат слободите

by А1он29/01/2015 - 13:28264
Share0

„Најновиот извештај на организацијата за човекови права „Фридом Хаус“ потврдува дека во Македонија вознемирувачки се намалуваат слободите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Извештајот го констатираше она што сите граѓани во Република Македонија го чувствуваат и го живеат, секој ден. Затворски казни против новинар, ограничување на уставно загарантираното право на штрајк, партизирано судство, сомнителни и нетранспарентни судски постапки, злоупотреба на притворот во политички цели, постојано институционално погазување на основните човекови права и слободи.

Дополнително, во извештајот се констатира пад и во политичките слободи, поради сериозни недостатоци на изборите во април, минатата година. Евидентно, криминалните избори што ги спроведе власта на Груевски нанесуваат дополнителна штета и на меѓународниот углед на Република Македонија.

Оцената како „делумна слободна“ земја, Македонија, заедно со БиХ и Украина  е меѓу единствените три земји во Европа со ваква оценка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сите земји од нашето соседство имаат подобри оценки, со што Македонија е во групата со Мозамбик, Колумбија, Нигер, Папуа Нова Гвинеја.

Работите во Македонија мора да се променат. Заминувањето на оваа власт е единствена гаранција за враќање на слободата и правдата во Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

fridom haussdsm

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он12/09/2026 - 12:16

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео