Пронајден возачот кој прегази 4,5 годишно дете во Превалец

Од:

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20 часот на регионалниот пат Р-1312 во населба Превалец, во Велес животот го загуби 4,5 годишно дете од село Горно Јаболчиште.

Како што информираат од СВР-Велес синоќа непознато возило управувано од непознат возач удрил во 4,5 годишно дете од село Горно Јаболчиште, кое со својата мајка чекале такси превоз на земјено проширување на левата страна од коловозот.

По несреќата, информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, возачот го напуштил местото на несреќата.

Детето со возило е пренесено во ЈЗУ Општа болница Велес, каде од страна на доктор е констатирана смрт.

– Од страна на полициски службеници преземени се интензивни мерки за утврдување на идентитетот и пронаоѓање на возачот, при што во 22,50 час. Е.М. (1986) е лишен од слобода од својот дом во село Горно Оризари и задржан во просториите на полициска станица Велес, потенцира Стојковска.

Стојковска информира дека утрово  пронајден е патничкиот автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистерски ознаки, кој возачот го оставил на патот кон село Војница, општина Чашка.

Увид на лице место изврши Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото дете ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари