Шулц го предупреди Ципрас да не се издвојува од ставот на ЕУ кон Русија

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц го предупреди грчкиот премиер Алексис Ципрас да не се издвојува од заедничкиот став на ЕУ кон Русија во врска со украинската криза.

Ципрас, лидер на радикалната левица СИРИЗА која победи на предвремените парламентарни избори во неделата, вчера ги вознемири европските партнери откако упати критика на соопштението од ЕУ, со кое Москва се предупредува за нови санкции поради нејзината улога во Украина.

Неговата одлука да го прими рускиот амбасадор пред да се сретне со кој било друг странски официјален претставник, исто така, не помина незабележано во Брисел и Берлин.

– Шокантно е што Грција се издвои од заедничката позиција на ЕУ во врска со Русија. Не може од една страна да бараш Европа да покаже солидарност со твојата земја, како што прави господинот Ципрас, а потоа првиот официјален чекор да ти биде „минирање“ на заедничкиот европски став, истакна Шулц.

Претседателот на ЕП денеска ќе се сретне со Ципрас во Атина, при што ќе се осврнат на програмата на новата Влада и како Грција планира да го реши проблемот со долгот.

– За време на средбата ќе му кажам дека секој едностран потег во надворешната политика нема да му помогне, нагласи Шулц.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он