Жителите бараа одлагање, ВМРО – ДПМНЕ експресно донесе урбанистички план за атрактивно земјиште покрај Охридското Езеро

Од:

Жителите на селото Пештани, во близина на Охрид со допис до Локалната самоуправа побараа да се одложи носењето на урбанистичкиот план и да се стави во мирување урбанистичкото решение за автокампот „Елешец“. Ова, жителите го бараат од причина што се во правна постапка за денационализација на атрактивното земјиште во вкупна површина од 20.000 м2.

Но, и покрај барањата на жителите, мнозинството во Советот на Општина Охрид не најде слух за овие граѓани и денеска, на редовната седница експресно го изгласа деталниот урбанистички план за тоа атрактивно земјиште. Пред почетокот на седницата, опозицијата, во име на граѓаните побара да се повлече точката од дневен ред, но мнозинството предводено од ВМРО – ДПМНЕ не го прифати предлогот на советникот Јоне Станковски.

Побаравме повлекување на точката затоа што за просторот на кој се наоѓа автокампот Елешец од 2003 година, се води процес на денационализација, постапка покрената од страна на 13 фамилии од Пештани. Денешното решение е донесено брзоплето. Ние како советници не треба само да гледаме дали планот ги минал сите законски фази, туку да ги согледаме сите аспекти- дали по донесувањето на овој урбанистички план подоцна ќе има проблеми – истакна советникот на ВМРО – Народна партија, Јоне Станковски.

Тој нагласи дека доколку судот донесе решение во прилог на жителите, а во меѓувреме по носењето на деталниот урбанистички план одреден инвеститор започне со градба, тоа жителите би го обжалиле и би дошло до нов судски процес со што би се стопирала таа постапка и на натрактивното земјиште каде е кампот би останала руина.

Жално е што се уште голем број на граѓани не можат да го остварат процесот на денационализација, процес кој го почна мојата матична партија, тогаш ВМРО – ДПМНЕ. Тоа се предмети во кои се работи за атрактивно земјиште и граѓаните се влечкаат по судовите. Очигледно е дека онаму каде што елитите се заинтересирани за атрактивно земјиште, граѓаните тешко можат да го остварат процесот на денационализација и да си го вратат земјиштето кое на сила им било одземено – истакна советникот на ВМРО – Народна партија, Јоне Станковски.

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески истакна дека денационализацијата не ја засегала Општината и дека не навлегувале во судските постапки на граѓаните.

Постапката за денационализација не ја засега општина Охрид која го работи деталниот урбанистички план без оглед на кого и како се однесува. Не навлегуваме во судските постапки кои се водат, а документацијата е согласно сите законски прописи – истакна секретарот Спасески.

dimitar-spaseski

По донесувањето на урбанистичкиот план на денешната седница, жителите на селото Пештани продолжуваат да ја водат битката за денационализација на нивното земјиште низ судовите, но доколку ја добијат таа битка, најверојатно ќе ги чека некоја нова бидејќи одреден инвеститор веќе ќе може да почне со градба на атрактивното земјиште кај кампот „Елешец“ покрај Охридското Езеро.

pismo na zitelite na Pestani

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски