Гостиварец убиен во Сирија

Од:

Уште еден Албанец од Македонија е убиен на боиштата во Сирија, како припадник на ИД. Станува збор за Садик Џемаили (25) од селото Здуње, Гостиварско.

Како што пренесуваат медиумите на албански јазик, Џемаили последен пат ја минал границата на Македонија во септември лани, преку преминот Ќафасан, на македонско-албанската граница кај Струга, кога се верува дека заминал за да им се приклучи на припадниците на ИД.

Гостиварцот Џемаили е четириесетиот Албанец од Македонија кој гине на боиштата во Сирија и Ирак.

На страната на ИД на тамошните боишта неофицијално се борат околу 600 граѓани на Албанија, Косово, Македонија и Србија. Половина од нив се од Косово, од каде има и најмногу загинати, над дваесет. Идентичен број на загинати има од Албанија и Македонија, по четириесет. Од јужниот дел на Србија досега потврдена е смртта на само еден Албанец.

Би можело да ве интересира

Ѓулер: Турција нема да ги повлече своите трупи од Сирија

Едно лице загина во израелски ракетен напад врз Сирија

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени

22 мртви во нови напади во Сирија, град во близина на Дамаск отсечен од светот

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми