Од 1. јули забрана за движење на камионите и автобусите кои загадуваат во Париз

Од:

Градоначалничката на Париз Ан Идалго планира од 1. јули годинава да го забрани движењето во Париз на камионите и автобусите кои загадуваат многу,  јавува дописникот на МИА од Париз.

– Како што  е случај веќе во околу 200 европски градови, ние ќе воведеме зона со ‘ниска емисија’ односно прогресивно ќе забраниме пристап за возилата кои загадуваат многу, без разлика дали користат дизел или безнин. Посакувам од 1 јули 2015 да го забранам движењето на камионите и автобусите, вели Ан Идалго, во интервјуто за париски „Ле Монд“,

Притоа таа додава дека од 1. јули 2016 година, повикувајќи се на законот за енергетска транзиција, оваа забрана ќе биде применета за сите автомобили кои се во категоријата на големи загадувачи.

Во моментов градот Париз е во преговори со државата за периметарот на кој ќе се однесува ова забрана.

Според градоначалничката на Париз, чиј помошник градоначалник за транспорт е Кристоф Најдоски (со македонско потекло) од редовите на Зелените, ова е едно предизборните ветувања. Тие размислуваат да им се помогне на претпријатијата и продавниците во Париз да се опремат со „чисти“ возила за снабдување со стока. Во моментов попшта од државата за купување на „чист“ автомобил изнесува 50% од неговата цена, додека градоначалничката  на Париз посакува остатокот да биде финансиран со кредит со поволна каматна стапка.

Таа исто така не се откажува од целта до 2020 година во Париз да биде забрането движењето на возила кои користат дизел.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата