Еврокомисијата утврди назадување на реформите во Бугарија

Од:

Европската комисија денеска ја издаде својата анализа на чекорите што се превземени од страна на Бугарија и Романија во изминатите 12 месеци во областите на судските реформи и борбата против корупцијата, во рамки на Механизмот за соработка и верификација.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во случајот со Бугарија, се оценува и борбата против организираниот криминал, за која Еврокомиисјата оцени дека споро се спроведува поради политичките турбуленции во земјата изминатиот период.

Во извештајот на Еврокомисијата за Бугарија се неведува дека со оглед на политичките неизвесности што земјата ги доживеа минатата година, напредокот е бавен и се потребни понатамошни чекори. А, во извештајот за Романија се нагласува континуиран напредок кон целите на Механизмот за соработка и верификација и покажува каде земјата треба да се консолидира за да обезбеди дополнителен напредок.

– Комисијата верува дека процесот на следење на Механизмот, можностите обезбедени со фондовите на Унијата и конструктивниот ангажман на Комисијата и многу земји-членки на ЕУ, продолжува да дава значајна поддршка за консолидирање на реформите во Бугарија и Романија. Ова е чувство споделено од страна на граѓаните на двете земји, па според новообјавениот Флеш-Евробарометар, спроведен во ноември 2014 година, 79 проценти од граѓаните во Бугарија и Романија се согласија дека ЕУ треба да има улога во борбата против корупцијата и недостатоците во нивниот судски систем, се наведува во соопштението на Комисијата.

Како што е познато, Механизмот за соработка и верификација на Брисел врз Бугарија и Романија е воспоставен веднаш по влегувањето на овие две источно-европски земји во Унијата во 2007 година, со оглед на тоа што тие не исполнуваа ниту половина од условите за влез во ЕУ, но со политичка одлука, а заради геостратешки интерес на Брисел, набрзина беа примени и сега се уште се мониторираат.

Романија и Бугарија, токму поради неисполнување на условите од Механизмот, се уште не може да влезат ниту во Шенген-зоната, ниту во рамки на Еврозоната.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени