Благица Новковска не е веќе директор на Државниот завод за статистика. На оваа позиција е назначена Лидија Костовска, која ја извршуваше функцијата директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, објави порталотеМагазин.
Новковска е доктор на науки, важи за еден од најдобрите експерти од областа на статистиката во земјава.Таа и порано беше директор на оваа институција.
Во последниот мандат се обиде да спроведе попис кој беше прекинат поради несогласувања меѓу коалициските партнери во Владата околу методите за попишување на населението.
На сајтот на Заводот за статистика се уште нема никакви промени, и Новковска се уште стои како директор.