Лидерот на шиитската милиција Хути во Јемен изјави дека сака мирно предавање на власта по оставката на претседателот Абд Рабу Мансур Хади и ги повика сите групи во Јемен да работат заедно за изнаоѓање на излез од кризата.
Абдел Малек ал Хуси исто така предупреди дека е недозволиво Јемен да се распадне, при што изтрази надеж дека консултациите што се водат под покровителство на Обединетите нации ќе бидат успешни.
Милицијата Хути го ослободи шефот на претседателскиот клабинет Ахмед Авад бен Мубарак, кој беше киднапиран на 17. јануари.
Киднапирањето на Мубарак придонесе за обновување на политичката криза во Јемен и доведе до судир меѓу милицијата и претседателската гарда, што заврши со оставка на претседателот и на Владата.