Нова колекција на столчиња која ја дизајнираше Жан Марк Атиа за студиото „Марон Руж“ во Франција се нарекува „Трева“.
Секако, ова не е вистинска трева со коров, туку синтетичка трева која ги покрива игралиштата. Горниот дел на столицата е направен од рециклирана вештачка трева и малку пена. Рабовите на седиштата на овие столици се од тексас, додека ногарките на столицата се направени од еукалиптус.
Добра идеја е да се почувствува природата дома и да се потсетите на пролетта.
Со користење на овие столици во ентериерот ќе создадете свеж простор. Исто така можете да ги користите на тераси или на балкони.