Еден од најдобрите играчи во историјата на светскиот тенис, Американецот Пит Сампрас, типува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде победник на годинашното издание на Австралија опен.
„Едноставно Новак е премногу силен на теренот и тешко дека кој било тенисер во моментов може да го победи во директен дуел. Тој четири пати ја освојуваше титулата во Мелбурн, и сигурно дека оди кон петтата титула. Едноставно тој е предоминантен и игра самоуверено“, изјавил Сампрас.
Освојувачот на 14 Гренд слем титули, дури си дозволи и да ги советува љубителите на обложувањето, да типуваат на триумф на Ѓоковиќ.
„Кога би се обложил, би ставил пари на Новак Ѓоковиќ. Јас пак, само ќе седнам во фотелјата, ќе гледам и уживам како момчињата се борат со него’’, дополни Сампрас.
Дали прогнозите на легендарниот американски тенисер ќе се исполнат ќе дознаеме веќе утре, за кога е закажан четвртфиналниот меч Ѓоковиќ и Канаѓанецот Милош Раониќ.