Тајландскиот премиер Прајут Кан-ока денеска застана во одбрана на предложениот закон за контрола на интернет сообраќајот во државата, кој на властите им овозможува без судски налог да ги проверуваат електронските пошти и содржините во сите компјутери.
Новиот закон овозжува без судски налог да се прислушуваат и телефони и поштенските сандачиња.
Генералот Прајут, именуван за премиер за време додека ќе владее воената хунта во Тајланд, законот го прогласи за неопходен во интерес на заштитата на националните интереси.
Законот за контрола на интернет и другите видови комуникации предизвика остри реакции на групите за заштита на човековите права, кои сметаат дека и сегашните големи ограничувања на слободата на печатот и изразувањето се над сите вообичаени норми.