Во убав планински амбиен во близина на Сиетл е изградена викендичка од челик, која нуди прекрасен панорамски поглед во текот на целата година и е совршено место за одмор и уживање.
Викендицата има три нивоа и во основа претставува челична кутија поставена на столбови. Метријалот од кој е изградена овозможува лесно да се вклопи и поврзе со околината.
Најниското ниво на куќата претставува комбинација на надстрешница и остава за скалдирање, додека главниот влез во викендицата е на средното ниво. Средниот или втор кат има две мали спални соби со бањи. И двете нивоа имаат челични тераси, со цел да се обезбеди доволно отворен простор за оние што престојуваат во куќата.
Собата за дневен престој, трпезаријата и кујната се сместени на најгорното, трето, ниво на куќата. Овие простории имаат големи стаклени прозорци кои нудат прекрасен поглед кон околните шуми и планински врвови.
Целата челична конструкција, покривните плочи и скалите во викендичката се монтажни, а нејизните мали димензии не ја нарушуваат убавината на околната.