Основното јавно обвинителство во Велес поднесе барање до судијата за малолетници во Основниот суд – Велес за поведување подготвителна постапка спрема едно дете, штитеник на Воспитно-поправниот дом Тетово, за сторено кривично дело – убиство во обид и предлог за мерка притвор за малолетникот.
Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека на 25 јануари малолетникот побарал да биде однесен на лекарски преглед кај домскиот лекар заради главоболка. Во лекарската соба тој најпрвин со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле двајца надзорници. Подоцна, од трпезаријата 16-годишникот зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, а притоа повторно го спречиле присутните надзорници.
Детето, како што е наведено, во текот на издржувањето на воспитната мерка, се јавува како сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и кривичното дело „силување спрема друго дете – штитеник на домот“
За непријавување на ова дело Обвинителството поведе постапка и против заповедникот на Воспитно-поправниот дом.