Ердоган не сфаќа зошто за САД Кобане е поважен од Алепо

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не сфаќа зошто САД му придаваат толку големо значење на сирискиот град Кобане, а на пример не се занимаваат со ситуацијата во Алепо.

– Во Кобане нема локално население, 200 илјади лица дојдоа кај нас, таму има само борци. Ние му кажавме на Обама таму да не фрла пакети со оружје. За жал три авиони Ц-130 го фрлија тоа што требаше. Половина од товарот падна во рацете на Исламска држава. И кој сега ги снабдува борците?, праша Ердоган.

На ист начин според него во рацете на исламистите претходно дошло и оружјето во Ирак.

Ердоган истакна дека целта на турската политика за Сирија е соборување на претседателот Башар ал Асад и неговата влада.

– Нашата политика во Сирија е позната и ние не планираме да си играме со неа на ниту еден начин. Нашата цел е режимот на претседателот Башар Ал Асад. Со Асад ситуацијата не може да биде решена, рече Ердоган.

Според него има три работи, кои треба да бидат направени и за кои тој разговарал со претседателот на САД, Барак Обама.

Тоа е воведување на зона забранета за летови, воспоставување на зона за безбедност и обука и финансирање на локалната опозиција.

– Со последната работа се занимаваат САД, но со другите две работи не се занимаваат, додаде Ердоган.

Тој истакна дека соборувањето на Асад не е на листата на цели на САД, но доколку тоа не се стори ситуацијата нема да биде решена.

– Може да се повтори тоа што се случи во Ирак А ние не сакаме такво повторување. Се формира северен Ирак, а ние не сакаме и северна Сирија. За нас тоа е неприфатливо, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја