Уште пет дена за воведување фискален апарат со ГПРС уред

Од:

Сите фирми кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја почнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена да ја исполнат законската обврската, потсетуваат од Управата за јавни приходи.

Оттаму посочуваат дека крајниот рок истекува на 31-ви овој месец.

Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања.

Од УЈП нагласуваат дека по истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци-поединци) до 3.250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа