Столтенберг: Глупост се изјавите на Путин дека украинската армија е „легија на НАТО“

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги оцени како „глупост“ изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека украинската армија е „Легија на НАТО“. Странските сили во Украина се руски, тоа е проблемот, нагласи Столтенберг.

Ја повикуваме Русија итно да прекине со поддршка на украинските сепаратисти, да ги почитува меѓународните обврски и да престане со дестабилизација на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, додавајќи дека Русија продолжува со поддршка, вооружување и обука на сепаратистите.

– Го осудуваме продлабочувањето на насилствата, предизвикано од поддржаните од Русија сепаратисти, што има голема цена, платена од цивили, нагласи Столтенберг, пред денешната вонредна седница на Комисијата НАТО-Украина на барање на Киев.

НАТО се залага за целосна независност и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници, изјави Столтенберг, додавајќи дека Алијансата е дел од меѓународните напори за стабилизирање на Украина.

Според Столтенберг нема воено решение на конфликтот и треба да се бара мирно решение.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Столтенберг: НАТО ја потврди својата посветеност за зајакнување на одбраната на Украина

Горан Наумовски