Прво Ген Слем четвртфинале за Венус Вилијамс по пауза од пет години

Од:

Американската тенисерка Венус Вилијамс за прв пат од 2010 година обезбеди учество во четвртфинале на Грен слем турнир, откако денеска во осминафиналната фаза на Австралија Опен ја победи Агњешка Радванска со 2-1, во сетови 6:3, 2:6 и 6:1.

Место помеѓу осумте најдобри во Мелбурн претходно обезбеди и нејзината сестра и прва светска тенисерка Серена Вилијамс по победата над Бланко Мугуруза (Шпанија) исто така со 2-1, во сетови 2:6, 6:3 и 6:2.

Резултати на другите средби од 4. коло:

Медисон Кејс (САД) – Медисон Бренгл (САД) 2-0 (6:2 и 6:4),

Доминика Цибулкова (Словачка) – Викторија Азаренка (Белорусија) 2-1 (6:2, 3:6 и 6:3).

Двојки за ¼финалето:

С.Вилијамс – Цибулкова,
Кејс – В. Вилијамс,
Екатерина Макарова (Русија) – Симона Халеп (Романија)
Евгени Бушар (Канада) – Марија Шарапова (Русија).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров