Исламските радикали убија 49 полицајци на Филипините

Од:

Официјален претставник на владата во Манила денеска соопшти дека на југот на Филипините, во областа Магуинданао, вчера и минатата ноќ биле убиени 49 припадници на специјалните антитерористички сили на филипинската полиција.

Убиените се враќале по успешната акција за ликвидација на познатиот малезиски терорист Зулфики Бин Хир, експерт за експлозиви кој оперирал во Малезија и на Филипините.

Се уште не е познат бројот на жртвите од страна на напаѓачите, за кои се знае дека се припадници ма радикалната исламистичка група МИЛФ која пред две години се одвои од поголемата бунтовничка група МОРО фронт. До поделбата дојде поради мировните преговори и потпишаноиот договор за мир на југот на Филипините.

Филипинските медиуми пренесуваат дека на подрачјето на вчерашниот судир денеска се испратени и голем број војници кои се обидуваат да ги извлечат телата на загинатите полицајци.

Се шпекулира дека исламските радикали при повлекувањето, како жив штит, со себе ќе земат и повеќе цивили и затоа состојбата на југот на Филипините армијата ја нарече „повеќе од деликатна“.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски