Контроверизте околу тоа дали постои живот на Марс, ги подгреа една фотографија која ја објави НАСА.
На фотографијата се гледа нешто што наликува на човечка фигура како го мести роботот „Кјуриосити“, кој врши истражувања на Марс, а сенката која се наоѓа покрај роботот има човечки облик.
Судејќи според фотографијата, станува збор за машка фигура, која има костум, не носи кацига и се гледа дека има кратка коса, а на грбот има боца со кислород.
Покрај оние кои тврдат дека ова може да биде доказ дека постои живот надвор од Земјата, други се убедени дека „Кјуриосити“ веројатно се наоѓа на Земјата и дека фотографијата е снимена додека се чистел роботот.