„Солидарност“: Нова надеж на европската политичка сцена

Од:

„Левичарското движење Солидарност со радост ја дочека победата на Сириза на изборите во соседна Грција. На Сириза и’ посакуваме успешен мандат и се надеваме ќе ја има силата да се справи со предизвиците кои ја очекуваат.

Резултатот од изборите во Грција уште еднаш го потврдува фактот: идејата на автентичната левица не само што не е маргинална или утопистичка, туку дека таа се покажува како вистинска и нужна опција во овие кризни времиња.

Победата на Сириза, во таа смисла, отвара нов простор за сите левичарски партии и политички организации во Европа и регионот. Изборна победа на автентичната Левица не е веќе нешто недостижно, туку нешто, како што Сириза ни покажува, многу можно и остварливо.

Во таа смисла Солидарност, како левичарско движење кое има значајна улога во политичкото артикулирање на левата политичка идеја во Македонија, ја афирмира и потенцира својата основна цел: остварување на суштински општествени промени. Ние продолжуваме да работиме со сите средства создавање на социјално праведна, економски одржлива и демократска Македонија на среќни и рамноправни граѓани кои ќе имаат можности и инспирација за активно вклучување во општествениот живот, и влијание врз донесувањето на политичките одлуки.

Солидарност и досега беше сојузник на работниците, на стечајците, на обесправените, на студентите, на осиромашените, понижените и замолкнатите. Ние продолжуваме да се бориме за нивните права. Подемот на Левицата во Европа уште еднаш ни потврдува дека сме на вистинскиот пат“, се вели во соопштението на левичарското движење „Солидарност“.

 

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната