Неколку лица се повредени денеска во близина на Универзитетот во Сана, кога шиитската милиција отворила оган со цел да ги растера насобраните демонстранти и уапсила повеќемина од нив, тврдат очевидци.
Шиитската милиција, исто така, нападнала и новинарски екипи, уништувајќи им ги камерите.
Околу Универзитетот пристигнале и дополнителни единици со цел да се спречат било какви нови протести.
Шиитските бунтовници од септември минатата година го држи под контрола главниот град на Јемен, а од минатата недела ја зазедоа и претседателската палата и го принудија шефот на државата Абед рабу Мансур хади да поднесе оставка во четвртокот, веднаш откако истото го направи и премиерот Халид Бахах.