Јеменскиот Парламент денеска повторно ја одложи вонредната седница, на која главна тема на дневниот ред требаше да биде оставката на шефот на државата Абед Рабо Мансур Хади.
Парламентот донесе ваква одлука со цел да се обезбеди присуство на сите пратеници, а датумот на одржувањето не е прецизиран.
Клучниот сојузник на САД во борбата против Ал Каеда, претседателот Хади поднесе оставка во четвртокот и со ваквиот потег ја внесе земјата во хаос, по крвавиот обид на бунтовничката шиитска милиција да го преземе градот под своја целосна контрола.
Десетици илјади Јеменци вчера протестираа против шиитските бунтовници. Околу 20.000 граѓани излегоа на улиците на Сана и маршираа до домот на претседателот.