Екипите на Кожув и Куманово му се приклучија на Работнички во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија.
Во реванш натпреварите од четвртфиналната рунда, екипата на Кожув и по втор пат беше подобра од Фени Индустри. По гевгелиските 84:78, вчеравечер кошаркарите на Кожув во Кавадарци го победија Фени Индустри со 72:69.
Куманово свето место на завршниот „Фајнал-фор’’ турнир обезбеди откако пред својата публика убедливо со 20 поени разлика (95 -75), на тој начин анулирајќи ја негативата од седум поени по првата редба во Скопје, кога „Соколите„ славеа со 81:74.
Потсетување, дека кошаркарите на Работнички беа првите кои обезбедија полуфинале и тоа добивачки ги убедливо двата натпревари со второлигашот Т-Баскет, првиот во Тетово со 91:72, а вториот вчера во Скопје со 123:63.
Последниот учесник на „Фајнал-фор’’ куп турнирот официјално ќе биде промовиран во среда, кога МЗТ Скопје Аеродром и штипски Гоце Делчев ќе го одиграат реванш дуелот од четвртфиналето, а актуелниот бранител на трофејот МЗТ Скопје ќе стартува со убедлива предност од 91:64 остварена на првиот меч во Штип.
Завршницата на 23-то издание на кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се одржи на 21 и 22 февруари 2015 година, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.